Што да облечеме оваа есен кога ќе ни здосадат комбинациите како панталони со џемпер?! Одговорот го имаат модните ѕвезди Каролин Иса, Амал Клуни, Жана Дама и Камил Шарие кои бираат плетени, трикотажни фустани и ги носат секоја на свој начин. Каролин ја гледаме во потопол модел со ролка, Жана преферира посески и поотворен фустан. Модерни се верзиите во беж, сива, драп и боја на карамела, а Амал Клуни избрала да носи фустан во црна боја и модел кој можете да го носите и на работа.

































Нема коментари