Покрај волнените капути, бундите од вештачко крзно и волуменозните јакни, кожувите со крзно ја надополнија листата на модерна горна облека оваа сезона. Меѓу најактуелните модели се класичните авијатичарски јакни поставени со крзно, позајмени од гардеробата на пилотите, но тренд се и долгите капути и кратките јакни со крзно. Со ретро нота, овие јакни со двостран дизајн – брусена кожа однадвор, овнатре целосно со крзно, добро ќе ве згрејат оваа зима.
На фотографиите на улична мода ќе забележиме широки јакни со крзно, авијатичарски крој, кратки верзии на авијатичарски јакни, но и капути поставени со крзно. Понекогаш дизајните се со меко крзно на ракавите, околу џебовите и со плус парчиња врз јакните. Забележуваме и модели со крзно во боја. Овие модели на јакни одлично се комбинираат со фармерки и џемпери, деловни панталони и хеланки, плетени фустани и кожни предмети, елегантни здолништа, груби чизми и елегантни високи чизми.
Нема коментари