Преодниот период од зима во пролет кога си поигруваме со зимско-летни парчиња, адаптирајќи се на променливото време, бара внимателно планирање на облеката што ќе ја носиме. Една од оние комбинации што ни се чини погодна за чудните ладно-топли денови е спојот на лелеав фустан со цветна шара и кожна јакна. Цветниот фустан од потенка ткаенина повикува на топлите денови, кожната јакна потсетува дека во секој момент може да залади. Фустанот може да биде со различна должина, ама сепак неодолива е комбинацијата од макси модел со бохо призвук со припиена кожна јакна. Улога играат и обувките, па зависно од временските услови тоа може да бидат чизми до глужд, летни сандали, ниски чевли, патики или трендовски моторџиски чизми. Дополнете со впечатлива чанта, беретка и крупни обетки.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари