По доминацијата на карнерите, плисето и преклопите, креациите оваа пролет ќе бидат збогатени и со набори. Иако сè уште страмежливо, овој тренд се јавува и во зимските колекции, како најава за претстојната пролет. Моделите со набор се своевидно продолжение на трендот на балонести фустани со волумен и креациите со преклоп околу половината. Најчесто станува збор за набор на страната, рамената, околу вратот или струкот, но не ретко креациите се разиграни со неколку напластени делови врзани со ластик, врвца и копчиња. Покрај асиметричните фустани, наборите се дел и од рамената на кошулите и блузите, како и здолништата. Најчесто се применуваат кај модели изработени од памук и материјали со ластик, но се среќава и од кадифе. Наборите веќе се носат во уличната мода, а може да се најдат и во меѓусезоните дополнувања во продавниците на популарните брендови за секојдневна достапна мода, како „Зара“.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари