Тренд последниве неколку сезони, бомбер јакните претставуваат едно од модните парчиња што нуди голем разновиднот и можност за комбинирање во различни стилови. Ова се однесува на женската, но и на машката гардероба, бидејќи и момчињата ги сакаат бомбер јакните. Тие најчесто носат еднобојни модели, во кежуал комбинации со џинс, обична маица или дуксер со качулка, но ќе ги забележите и во бомбер јакна со необичен принт, сатенска со апликации во стилот на „Гучи“, дури и во поелегантни споеви со кошула и вратоврска.
Нема коментари