Како да го направите монохроматскиот изглед интересен и возбудлив!? Изберете интензивни бои како жар црвена, пурпурно виолетова или тиркизно сина и во стилот на светските трендесетерки облечете ја од глава до петици. Ако сакате вообичани еднобојни бои со бели, црни или беж тонови, бирајте облека која остава впечаток со необичниот крој. Но, кога носите монохроматска комбинација треба да внимавате на неколку правила – материјалите и текстурите треба да бидат компатибилни, а сите парчиња во иста боја (дозволено е само еден или двата тона посветли или потемни). Посмелите ќе експериментираат со јаки тонови и бои од виножитото, како и со чевлите и чантите, кои го следат тоналитетот од облеката.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари