По ланскиот летен тренд на сандали и чевли со шарени топчиња, оваа пролет доаѓаат и патики со ваков додаток. Брендовите за секојдневна мода, како „Зара“, Страдивариус“ и други лансираа удобни и лесни за комбинирање кожени патики, кои се украсени со неколку плетени топчиња во пастелна боја. Најчесто станува збор за бели или сиви патики, на кои има розови, жолти, сребрени, црни, сини и други тонови на пуфки. Со овие обувки, кои го будат детето во нас, никогаш нема да ви биде здодевно. Идеални се забави, кежуал дружби и за лежерни состаноци. Со оглед на тоа што оваа пролет повторно доста ќе се носат патики, може да изненадите со ваков модел.
Нема коментари