По примената на големите пластични и платнени торби, како и сламените корпи, кои нашите баби и мајки некогаш ги користеа за на пазар, во секојдневната мода се актуелеизира уште едно вакво ретро парче. Станува збор за пластичната ретро корпа за пазарење во впечатливи бои, која благодарение на влијателните блогерки и социјалните мрежи стана посакувано модно парче. Веројатно повеќето, доколку побараат во старите ормари, можеби ќе најдат примерок од оваа симпатична корпа. Овој модел доби освежена и нова верзија благодарение на брендовите како H&M, Lisa Says Gah и Sun Jellies. Во нивните колекции застапени се розови, виолетови, црвени, жолти, зелени, бели , сини и други парчиња, кои одлично се вклопуваат во лежерниотлетен стил. Од фотографиите објавени на Инстаграм и Пинтерест може да се забележи дека покрај летните варијанти, оваа тоба може интересно да стои и во поесеснка и зимска комбинација. Покрај класичната балонеста верзија, има и триаголнести и оцкасти дизајни, со поситна и покрупна шара.
Нема коментари