Откако дебитираше на модната писта во склоп на ревијата на „Барбери“ за сезоната есен-зима 2014/15 наметката која истовремено е кебе/шал/пончо стана едно од најбараните парчиња на сезоната. Кристијан Бејли, креативниот директор на „Барбери“ вели дека ваквите пончо-наметки се дел од историјата на брендот, сега само повторно покажавме дека се удовни за носење, топли и со заштитен квалитет. Познатите и трендесетерките како Сара Џесика Паркер и Оливија Палермо си нарачаа индивидуализирано пончо на кое се испишани нивните иницијали кои веќе се дел од нивниот есенски стил. Моделаката и заштитно лице на брендот Кара Делевињ од писта си го зеде ова кашмирско парче со графички принт и со иницијали извезени на него и редовно го носи. Истото се однесува и на Суки Вотехаус, која деновиве беше назначена за заштитно лице на козметичката линија на „Барбери“, а која со пончото се појавува и на новата насловна страница на францускиот магазин L’Officiel.
1 коментар
Што убаво би звучело моето
ББ