Цветен дезен и тенки лелеави ткаенини е описот на фустаните што вообичаено ги носиме на пролет, но овие модни парчиња се вклопуваат во есенските, дури и во зимските комбинации. Цветниот принт не е повеќе израз само на пролетта, а фустаните со цветови во позагасити бои на темна позадина се предлог и за студената модна сезона. Модните брендови ги нудат во колекциите, а стајлинзи со „пролетни“ фустани има во уличната мода. Се разбира, есенските верзии на пролетниот фустан се долги – миди или макси, и со долги ракави. Се носат под топли капути и јакни, а се комбинираат најчесто со високи чизми, војнички или модели во каубојски стил. Дополнителни детали се шапките и вашите омилени чанти.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари