Најочигледниот тренд на сезоната истовремено е најмалку очекуван, бидејќи кога помислуваме на зимски капут, вообичаено замислуваме темен, тежок и едноличен модел, односно комплетна спротивност од она што дизајнерите ни го понудија за оваа сезона – розов, лесен и волуменозен капут. Креаторите на светската мода предизвикаа оживување на зимата токму со овие креации во нијанси на розова, боја која повеќе се употребува за креирање фустани, кошули и модни детали. Со ова зимскиот капут доби нова модернизирана верзија, а розовата треска ги зафати и оние никогаш не ја преферирале оваа боја.
Тенденцијата што започна со „Карвен“, во чија колекција доминираше широк и мек капут во фламинго-розова, се прошири во колекциите на Џил Сандер, Симон Роча, „Селин“, „Барбери“ и „Рошас“ каде видовме серија на софистицирани и елегантно-женствени креации во розово. Главниот стил е волуминозен капут во различни нијанси на розова, иако предност имаат светлите пастелни тонови, како пудресто, бонбонесто или бебешко розево. Оваа сезона розовата е наменета и за големите девојчиња, а одлично се комбинира со парчиња во најсветла нијанса на сиво, со црно-бела облека, со темен џинс, но и со црвена, виолетова или минт-зелена боја. Исклучително важно е да најдете осовременет начин да носите розов капут, што значи дека задолжително треба да се избегнат ретро стилот и нежните конотации.
Нема коментари