• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
трендови 0

Лежерност и во канцеларија со широки панталони

Од stylist @StylistMKD · На јуни 26, 2014

Кежуал изгледот, осносно леженоста во модата, многумина ја мешаат со неуредност, парталавост и демоде изглед. Таа е спротивност од тоа. Секојдневниот изглед меѓу другото значи ред во хаосот, личен печат над безличноста, микс на чиста, удобна и умешно комбинирана облека, која не влегува во строгиот бизнис-изглед или свечениот дрескод, но во која може да изгледате пристојно. Неофицијалниот, удобен изглед можеби е опуштен, но не и распуштен.

High Street брендовите посебно внимание посветуваат на веќе добро искристализираниот стил (кежуал), создавајќи елегантни и модерни креации,  кои  нудат лежерно, но не и хаотичност. Иако лежерноста сама по себе значи и растеретеност од секакви конвенции и трендовски рамки, сепак, и во кежуал модата има сезонски must have креации, кои најчесто се инспирирани од уличната мода и од блогерите.

Рафтовите на модните куќи и бутиците што третираат секојдневна облека се менуваат во тонот и формата на глобалните трендови, а оваа сезона,  потрагата по удобна облека може да ве донесе и во одделот за бизнис-облеки. По имплементирањето на широките кошули (позајмени од машкиот ормар), памучните фустани и чевлите со ниски потпетици, љубителите на опуштениот имиџ, кои мора да се придржуваат кон бизнис дрескодот, оваа сезона можат да уживаат и при изборот на удобни панталони.

Покрај тричетврт моделите со патент, што се голем хит во канцеларискиот изглед, сега може да изберете и широки панталони во стилот на 70-тите години. Навидум се маса од материјал, што се плетка околу нозете, но во нивната удобност и убавина ќе ја согледате уште при првата проба. Тие даваат слобода, полетост и свежина, која е потребна во топлите летни денови, а соодветни се и за дождливо време и промелива температура.

Тие наликуваат на долго здолниште, се поширока верзија од ѕвонарките од 70-тите и нешто поелегантна верзија на шалварите. Идеални се за комбинирање, можете да ги споите со кожула, поелегантна свилена блуза или палто за во канцеларија, со топ од тантела или корсет за вечерен изглед или пак со маица со пруги или некој друг принт по прерамки или куси ракави, за секодјневен изглед. Еднобојните модели може бесконечно многу да се комбинираат, а тие со принт „трпат“ спој и со горен шарен модел, со оглед на тоа што ова лето е лето на микс на принтови.

pantaloniprugi collage
Најчесто може да се забележат девојки со бели, црни, црвени, сини и модели со пруги. Тие ја издолжуваат ногата и се елегантни. Може да се комбинираат со различни обувки, од виски потпетици, чевли со дебел ѓон, патики, еспадрили, балетанки, па сè до сандали. Одговараат на девојки со различна конструкција на телото и често ги сокриваат недостатоците. Не се препорачиваат само на многу ниски личности . За нив препорачливи се тричетврт моделите или припиените панталони. Широките  панталони се многу популатни меѓу блогерките, а во продолжение ви нудиме избор на комбинации со овие модели уловени на улиците на светските модни центри.

pantaloni so prugi collage2
pantaloni so print collage2
pantaloni so visoka polovin collage
pantaloni so print collage1

модата од 70-титепанталониТрендшироки панталони
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1leopard трендови

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

  • off shoulder трендови

    Фустаните кои ги откриваат рамениците симбол на летната мода

  • 1 трендови

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics