Еден од трендовите за тековната сезона кој што не можете да не го забележите е Tie-Dye шарата. Не потсетува на детството, хипи модата и стилот од 90-тите, но всушност техниката на боење со нијансирање наречена тај-дај е мошне стара. Ја среќаваме во јапонската култура како шибори и претставува метод на вртење и боење на ткаенината. Сезонава дизајнерите и модните брендови креираа разна облека со оваа шара – маици, долги фустани, дуксери, кои што имаат шари кои се нијансирани и без остра граница помеѓу боите. Но, како и кај секое навраќање на некој постар тренд, клучно е во новото време да се носи на нов и осовременет начин. Во модерниот облик тај-дај трендот добива нов облик во овосезонската облека која е за кежуал, но и за вечерен изглед. Овој тренд ѝ се допадна дури и на уредничката на Vogue Ана Винтур.
Нема коментари