Сако-фустанот е она парче облека кое личи на сако, но поради должината се носи како фустан и со тоа претставува мошне фунционална облека која е фокусот на целиот стајлинг. Како есенско парче го забележавме во повеќе дизајнерски колекции, а може да се носи како модерна алтернативна на деловен фустан, но и за вечерни излегувања. Подолгите верзии се добри за во канцеларија, кусите за забави и модерни културни настани. Најдобро стојат со класични салонки и елегантни сандали, ама некои ќе ги носат и со гломазни патики.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари