По балетанките, еспадрилите, патиките и оксфордките, листата со удобни, шик и лесно прилагодливи обувки се збогатува со мокасинките. Доколку сте во потрага по удобни ниски чевли, во кои ќе го поминете денот, и притоа ќе изгледате елегатно и ако не сте љубители на високите потпетици ова се идеални обувки за овој преоден период. Moже да изберете кадифени, кожени, лаковани и од еко-материјали.
Моделот може да биде класичен и црн, но има и широка понуда на мокасинки во бордо, кафена, темнозелена, темносина, па и со принт. Може да бидат украсени со реси, колан или тока, да бидат на минимално висока потпетици, во вид на влечки или пак на платформа.
Лесни се за комбинирање, од елегантни варијанти за во канцеларија, преку кежуал аутфити за прошетки , па се до посвечени комбинации. Може да ги носите со фармерки, комбинезони, плетени фустани, плисе здолништа, килотки, долги широки панталони, а совршена комбинација се со костум со панталони, или со кожена јакна. ви нудиме неколку идеи од уличната мода како да ги носите мокасинките оваа есен.
Нема коментари