Од соединението на есенски бои во кои доминираат земјените тонови се издвојува загасито портокаловата која најсветлата и најсвежа. Таа е упадлива и додава интензитет на секоја есенска комбинација, а оваа есен ќе ја носиме на палтата, фустаните, на модните додатоци што се шаловите и чантите. Оние што сакаат да екпериментираат ќе носат комплетен изглед составен од парчиња во неколку нијанси на портокалова. Останатите ќе изберат со сакоа, јакни или капути во оваа боја, и ќе ги комбинираат со парчиња со сличен тоналитет како теракота, беж, праска, кафена. Најсигурна опција се шал, марама, ракавици, шапка или чанта во оваа боја.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари