Оваа сезона е во знакот на бохо-стил, хипи слоевитост и влијанија од модата од 70-тите години, што ако треба да се спои во едно парче облека што ги отксликуваа овие тенденции, ќе се добие долг, шарен, лелеав бохо-фустан. Удобни, од лесни ткаенини и често шарени, овој вид на фустани се најдобра опција за долго топло лето со стил. Може да носи дење, во вечерна пригода со соодветни додатоци, но и за летување и како облека за на плажа. Добро се комбинира со шапки, кафени кожени чанти, долги ѓердани и сандали со ремчиња за хипи расположение, но и со елегантен накит, добро скроено сако и голема чанта за градски шик изглед.
Нема коментари