Модната недела во Копенхаген ни ја донесе првата доза на улична мода после периодот на карантин поради Ковид-19, се одржаа модни ревии и настани следејќи ги мерките за заштита и беа претставени колекциите за шролет-лето 2021. А во уличната мода за време на модната недела во овој дански град, забележавме микс на летни стилови со тенденции кои ќе бидат актуелни оваа есен .
БИЦИКЛИСТИЧКИ БЕРМУДИ
Овој тренд не е нов, бициклистичките се вратија во мода во 2018 година, но ова парче кое од спортска сала се префрли во уличната мода, уште е актуелно. Данките ги комбинираат бициклистичките на различен начин – со спортски блузон во розова боја или со поформална кошула со балонести ракави.
ГОЛЕМИ КРАГНИ
Петар Пан крагните, односно предмензионираните јаки во стилот на детската облека, ќе бидат популарни и во следната сезона. Микс на женственост и на детска игривост, овие јаки ги има во повеќе верзии и на различни парчиња облека.
ДОЛГИ КОЛОРИТНИ ФУСТАНИ
Вибрантни поради јаките бои и во ретро стилови (како на пример прерискиот), за оваа есен испланирајте да купите барем еден долг фустан со детали како карнери, пуф-ракави и висок оолувратник.
КОРСЕТ
Носете корсети кои се прилагодени и за дневен стајлинг. Новите верзии повеќе изгледаат како маици со бретели, отколку класични корсети со корпи, и се комбинираат со широки панталони и ниски обувки.
ПОЛО БЛУЗА СО ЛИНИИ
За претстојната есен добар избор се блузите со поло крагна, на улиците на Копенхаген ги видовме во верзија со пруги.
ЦРН ЕЛЕК ВО XXL ВЕРЗИЈА
Како некоја модерна верзија на стилот на Ени Хол, во мода се вратија предимензионираните елеци, а според Данките црнот елек ќе биде дел од есенската мода.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари