Календарот ни потврди дека зимата официјално почна и крајно време е да обезбедите топла облека. Јакните исполнети со пердуви се можеби најочигледното зимско парче, најдобро топлат, но повеќе не се облека што повлекува само спортски и кежуал стил. Монтките во последниве сезони направија стилски исчекор и станаа парче со кое се создава впечатлив стил. Се носат во секакви пригоди, заедно со посвечена облека и чевли, често и со некоја дизајнерска чанта. Роузи Хантинтон-Вајтли црната долга монтка ја комбинирала со скапа Hermes чанта, ѕвездите на уличната мода експериментираат со монтки во дречливи бои, а овој вид на јакни се носат со елегантни здолништа и фустани, со шик чанти и со обувки кои се движат од вечерни чевли на високи потпетици до војнички чизми. За модното унапредување на монтките доста допринесе брендот Moncler кој голем акцент става на „ребрестите“ јакни и креациите полнети со пердуви, како и на неговите соработки со најдобрите креатори на денешницата, а неконвенционални монтки има и кај Maison Margiela и Balenciaga.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари