Еден од најголемите трендови на зимската сезона се штепуваните, односно ватираните јакни, една малку поинаква и поелегантна верзија на јакните полнети со пердуви. Долги, претежно во загасити есенски бои, меки и прошарани со повеќе претежно ромбоидни штепови, овој стил први го промовираа скандинавските стилски ѕвезди, носејќи ги креациите на тамошниот бренд Rodebjer, за да подоцна трендот се прошири на улиците ширум светот во вид на подебели ватирани јакни.
View this post on Instagram
Ватирањето (quilting), познато и како штепување, е процес на шиење на два или повеќе слоја ткаенина заедно за да се направи подебел материјал со полнење. Тоа е техника на шиење која се протегала низ различни векови и култури, од Египет преку раните доселеници во Америка кои правеле ватирани ќебиња, до штепуваните чанти на Шанел и денешницата отсликана во уличната мода во која доминираат штепуваните капути.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Нема коментари