Плисираното здолниште веќе неколку сезони е тренд кој го пропагираат модните брендови и најчесто го има во светкава металик варијанта, но доколку сакате тренди парчето да го носите на работа, треба да го прилагодите за деловен стил. Металик варијантата отпаѓа, сребрено или златно здолниште не е соодветно за во канцеларија, па затоа сменето го пристапот – одберете модел на здолниште со смирена шара, евентуално може суптилно да е прошарано со светкави конци, како на пример креацијата од фотографијата, и комбинирајте со комплементарна кошула во иста колор-шема. Дополнете со сребрени сандали доколку работите во креативна деловна средина.
Нема коментари