Летниот стил во голема мера се базира на удобност и едноставност, шро се отсликува и во изборто на обувки прилагодени за безброј летни прошетки. Треба да бидат удобни и лесни за чекорење, па еве три идеи на обувки кои можете да ги носите летово.
КОЖЕНИ НИСКИ ВЛЕЧКИ
Ако треба ова лето да инвестирате во еден пар обувки, тогаш изборот нека биде на ниски влечки во металик, црна или светлокафена боја, кои што можат да се носат и во дневни и во вечерни пригоди.
ЕСПАДРИЛИ НА ПОЛНА ПЕТА
Класика за летните денови, крајно пријатни на ногата, ги има во ниски и високи верзии. Но, ако повеќе сакате да носите обувки со високи попетици, ама и да се чувствувате удобни, тогаш за вас се еспадрилите со полна пета.
СПОРТСКИ САНДАЛИ
Гумени и со ремчиња, во стил на Тева сандалите, симбол на туристи кои патуваат на разни дестинации, ама летово ги има и во помодерна и полуксузна варијанта, во понудата на хајстрит брендовите и во дизајнерската колекција на „Прада“. И дефинитивно се удобни, не за џабе се омилените сандали за патување.
Нема коментари