Една од тајните на успешно нанесената шминка е правилното контурирање на лицето, но исто толку вашно е правилното користење на highlighter (осветлувач или илуминизатор), со кој се нагласуваат одредени делови на лицето. Благодарение на способноста да ја одбива светлината, овој козметички производ го прави лицето помладо и помазно, визуелно ги зголемува очите или го истенчува носот. Повеќето шминкери редовно го користат овој производ, а еве неколку совети како и каде да го нанесете, а да не светкате како лампион.
На капаците на очите се нанесува под највисокиот дел на лакот под веѓите и во внатрешниот агол на очите со што се зголемува нивниот облик.
Не нанесувајте „хајлајтер“ на целите образи, туку само на горниот дел од јаболкниците, накај очите. Лицето ќе добие свеж и измазнет изглед, а ќе го одвлече вниманието од подочниците.
Доколку сакате визуелно да го стесните носот, нанесете црта со „хајлајтер“ по неговата должина. Важно е убаво да ја размачкате линија, во спротивно ќе изгледа доста нападно.
Над усните, ама баш над самите усни. Малку осветлувач на купидоновиот лак ќе ги направи усните поголеми и полни.
Под брадата со кружни движења и на челото, на оние места каде што воовичаено прво ве фаќа сонцето.
Нема коментари