Ви се смачи од контурирањето, блендирањето светла и темна пудра и туторијалите базирани на изгледот на Ким Кардашијан!? Добра вест е што новите бјути-трендови одат во линија на комплетна спротивност на контурирањето, и тука правиме место за новиот начин на шминкање на лицето – стробинг. Оваа техника е создадена токму како бунт против контурирањето, доаѓа од Франција, веќе ја видовме на модните писти кај Исе Мијаке и Оскар де ла Рента. Стробинг подразбира нагласување на местата на кои природно паѓа светлината на кожата, а со помош на хајлајтери, пудри и подлоги со илуминатор. Се препорачува нанесување на јаболчниците, врвот на носот и на врвот на брадата. Делува многу природно и одлично стои во лето кога сонцето дополнително ги нагласува веќе осветлените делови. Овој изглед всушност природно ги нагласува цртите на лицето, а не ја менува структурата на лицето. Производи кои може да се употребуваат се MAC Strobe Cream иL’Oreal Magic Lumi, а еве и еден туторијал за да видите каде точно треба да се нанесе илуминаторот.
Нема коментари