Деловната облека што ја бираме во зимскиот период несомнено сакаме да е удобна, добро да нè згрее, но не треба да биде премногу лежерна и несоодветна за работа во канцелерија. Следниве комбинации се шик и елегантни, одговараат на бизнис-правилата, а во исто време се прилагодени на временските услови. Слоевитоста е секогаш сугурна опција, но кога редите неколку парчиња едно врз друго, внимавајте тие да бидат квалитетни и со нијанска на луксуз, како на пример добро скроена бела кошула под елек или долг плетен џемпер во вид на наметка облечен врз панталони и блуза. За поголема удобност и топло чувство кошулата или блузата заменете ги со ролка од кашмир. Вметнете боја во вообичаено темните и неутрални зимски комбинации – на пример црвена чанта на црна облека. Ако носите плетиво на работа, бирајте креации кои се далеку од обични и секојдневни, на пример како моделот што го носи Викторија Бекам и кој успешно го споила со карирани панталони. Капутот е неодминлив дел од зимската гардероба, ако ви се здосадија обичните невпечатливи модели, обидете се да пронајдете палто со пепито-дезен или некој деликатен принт, или пак експериментирајте со боја во појак итензитет. Ако шапката изгледа премногу формално, а плетената капа премногу лежерна за на работа, тогаш беретката е вистинска шик алтернатива.
Нема коментари