Голема раскрсница каде што се среќаваат различни модни идеи, стилови, артистички стајлинзи, иновативни комбинации и смели кроеви. Вака може да се образни виулицата од модни експресии на улиците на британската метропола за време на одржувањето на Лондонската модна недела. На ревиите и промоциите на модните куќи и дизајнери можеа да се погледнат свежи и комплексни колекции за пролет-лето 2018. Тоа важеше и за стилот на публиката што ги посети овие презентации. Познатите модни имиња, модни блогерки, инфлуенсерки од социјалните мрежи, уредничките, моделите и музичките, ТВ и филмски ѕвезди покажаа како може да се прилагодат актуелните трендови во личниот стил.
Покрај повеќеслојната урбана мода, овој пат можеа да се видат интересни минималистички комбинации. Застапени беа интересни комбинации на парчиња, како фустани врз фармерки, тренерки со свечени парчиња и високи потпетици, романтични креации со спој со крути машки кроеви… Доминираа панталоните со висок струк, плетените креации, масивните џемпери, волуменизирани фустани, пердувести јакни со волумен,разни варијации на џинс, маички и блузи со принт, цветен дезен, карирани палта со нагласена големина, долги капути, будни во боја и впечатливи, персонализирани чанти. Во фокусот беа чизмите: црвените , до глужд и колена, чорапа високите модели, со коцкаста или тенка потпетица, а неколку пати можеше да се погледне и стајлинг со моделот на кој пишува “For Walking“ (за одење). Ви преставуваме подолга селекција од интересни комбинации што ги „уловија“ фотообјективите на познатите модни сајтови и магазини.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари