Во летните месеци сакаме да носиме лесни, прозрачни и воздушeсти фустани, со релаксирана силуета и едноставни форми, но корпоративниот кодекс на облекување во професионалниот свет прави свои прилагодувања на женската гардероба. Оваа сезона има трендовско решение кое е погодно и за одмор покрај морето и за канцелариски состаноци. Зборуваме за кошула-фустанот, кој има едноставен крој, строга јака и копчиња во предниот дел, и е направен е од природни ткаенини кои „дишат“. За инспирација еве една галерија со ѕвездите на уличната мода кои го демонстрираат овој тренд на свој начин. Некои бираат еднобојни и кратки модели кои изгледаат како продолжена кошула, некои скаат подолги фустани со принт. Некои бираат да ги дефинираат со ремен, но некои сакаат широка силуета. Во игра се и бројни модни додатоци за комплетирање на целиот изглед.
Нема коментари