Миланската модна недела започна со прикажување на колекциите за пролет-лето 2021 со мешавина од физички и дигитални ревии, и за разлика од Лондон и Њујорк претходно, во италијанскиот град забележавме побогат уличен стил и тоа само после неколку модни настани. Гостите на ревии се појавија во комбинации во кои има и светли бои, но и јаки тонови, повеќе монохроматски изгледи отколку со принт, парчиња од кожа или со многу карнери, разни дизајнерски чанти и обувки.
Нема коментари