За време на модните претставувања на Pitti Uomo во Фиренца сè е во знакот на машката мода. На овој моден саем во Италија акцентот беше на машките колекции за есен-зима 2018/19, ама модата се случи на улиците на градот. Модните критичари, блогери, купувачи, уредници, ги следеа и анализираа новите колекции, но и на уличната мода во која и самите имаат придонес. Традиционално, во Фиренца за време на саемот преференца се костумите и типичната италијанска елеганција, но помешана со еклектични елементи, слоевитост, волнени костуми и палта во боја и со принт, долги капути, дебели џемпери, релаксирана силуета, ски-јакни и капчиња, беретки и шапки како главен детаљ. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари