Женскиот костим со паталони одамна не бил толку популарен како перидов, што можеме да го забележиме во стилот на познатите трендсетерки и во уличната мода. Некогаш позиционирани само за деловно облекување, костимите од широки панталони и предимензионирано сако добија нова модна димензија и се носат во разни пригоди. Особено на модни настани, како што се ревиите на еминентните модни недели. Понекогаш се носат сакоата одделно и се комбинираат со хеланки, кратки панталони, разни видови на тренди бермуди, со високи чизми или со сандали.
Нема коментари