Уличната мода често е слика за креативноста, слободата и еволуцијата на еден град. Стилското шаренило на Лондон секогаш потсетува колку е голем и отворен овој моден центар за различности и контрасти. За време на неодамнешната Недела на машка мода од 6 до 9 јануари, на улиците на Лондон можеа да се забележат впечатливи индивидуални стилови, креативно модно синхронизирани парови и идеи за комбинации кои сигурно ќе се применуваат уште долго. Студените денови послужиле како инспирација на гостите да ги покажат своите уникатни модни решенија со многу детали, интересни шарени јакни, капути, палта, куси панталони и интересни модни детали. Ви претставуваме дел од најинтерсните стајлинзи што ги уловија познатите фотографи.
На неделата на машка мода во Лондон се престави и познатиот македонски дизајнер Марјан Пејоски, а свои нови колекции презентираа познати модни куќи и креатори како Alexander McQueen, Vivienne Westwood, J.W. Anderson и други.
Нема коментари