Секогаш уникатна, природно срасната со артистичкиот дух на градот и неколку чекори пред остатокот од светот, е модата што струи на улиците на Париз. Посебно внимание предизвикуваат идеите и комбинациите на познатите блогерки, трендсетерки, модни уреднички и влијателни девојки на социјалните мрежи за време на модните недели во градот на светлината. По кој знае кој пат, докажаа дека модата од улиците е подеднакво важна и медиумски покриена како и ревиите и тенденциите што ги предлагаат модните куќи и најславните дизајнери.
За време на неделата на Висока мода во Париз на студениот асвалт можеа да се видат еклектични, неповторливи стајлинзи. Доминираат впечатливи колоритни капути со принт, модели со крзно, пердувести јакни со волумен, микс на спортски и елегани креации,светкави парчиња и целосно црби атуфити. Со секој од комбинациите суптилно се бришат на границите меѓу високата и секојдневната мода, меѓу машкиот и женскиот крој и меѓу секашноста, минатото и футуризмот, покажувајќи ја безвременската димензија на автентичниот личен стил.
Нема коментари