Улиците на Фиренца деновиве се во знакот на Pitti Uomo, еден од најзначајните модни случувања во светот на машката мода. Стотици брендови доаѓаат два пати годишно во Фиренца да се претстават на најпопуларниот машки саем за машка мода Pitti Uomo, а фокусот е и на уличната мода. Огромен број Италијани и гости на саемот парадираат во своите највозбудливи модни изданија, кои се движат од беспрекорно дотерани со костуми и елегантни детали, до колоритни и ексцентични комбинации. Главната точка е ставена на внимателно избраните модни додатоци – шапки, ракавици, вратоврски, марамчиња, шалови и чанти.
Нема коментари