За време на периодот на самоизолација, повторно ја откривме убавината на удобните и топли широки панталони, модно парче што не го ограничува движењето. Додека се одржуваа есенските модни недели, трендот се пресели од спалните и дневните соби на улица.
Хероините во уличниот стил им даваат посебна предност на широките панталоните, а покрај вообичаените памучни и штофени панталони, бираат впечатливи модели кои се изработени од свила, кадифе и кожа. Свилата и кадифето се соодветни за посебни прилики, но панталоните од кожа можете да ги носите секој ден. Моделите се со машки крој, но поради пирината создаваат релаксирана силуета.
Нема коментари