По примерот на Џована Батаља, Оливија Палермо и Викторија Бекам изберете три комбинации за различни деловни пригоди и внесете шик и женственост во вашиот корпоративен стил.
На деловен ручек
Блуза украсена со апликации и луксузно здолниште – ова е комбинација што проектира ултимативна моќ, но и женственост во канцеларија. За деловен ручек со бизнис партерите, дополнете со впечатлив ѓердан и чевли со детаљ од тантел.
На кафе со колегите
Применете ја пролетната флуидна силуета таа што ќе комбинирате слој од блејзер без ракави, широка блуза и тесни панталони. На оваа црно-бела комбинација потребни и’ се детали што се истакнуваат, како салонки со гзотична кожа и светкава клач-чанта. Во истиов моден спој може да продолжите и на вечера.
Во конференциска сала
Фустанот со тесно здолниште нека биде избор за заеднички состанок или презентација во конференциска сала. Предлагаме фустан со колор-блок или друг графички стил и дополнете со омилените деловни детали – салонки и мултинаменска голема чанта.
Нема коментари