Козметичкиот бренд Urban Decay после неколкуте мошне успешни палети со сенки за очи од серијата Naked најавува нов сет во неутрални тонови на која ќе се израдуваат вљубеничките во шминката. Сенките на Urban Decay се доста популарни во несесерите на жените низ светот, важат за основа на секоја шминка, имаат одлична трајност и пигментација, а по палетите Naked, Naked 2 и 3, како и Naked Basic и Naked Basic 2, оваа есен доаѓа Naked Ultimate Basics.
Палетата Naked Ultimate Basics содржи 12 бои во неутрални тонови, сите со мат финиш, со кои може да се постигне како дневен, така и вечерен изглед. Сенките ќе бидат достапни од 18 септември и ќе чинат околу 55 долари.
Нема коментари