Во козметичката индустрија палетата од 12 сенки за очи во неутрални бои Naked на американскиот бренд Urban Decay важи за еден од најпопуларните, најквалитетните и најкупуваните производи. Првата палета е лансирана во 2010 година и оттогаш се купува по една палета секои шест секунди. После првата, Urban Decay ги претстави уште Naked 2, 3, Smokey, Basics, Basics 2, Ultimate Basics и Naked Heat палетите кои исто така одлично се прифатени.
Но, на големо изненадување Urban Decay соопшти дека нивниот најпопуларен производ – оригиналната Naked палета, се повлекува од пазарот, нема повеќе да се произведува и дури на социјалните мрежи објави видео во кое се појавува Никол Ричи и на драматичен начин се погребува палетата. Ова сооштение ги растажи обожавателките на брендот, кои тргнаа на продажните места на Urban Decay за да ги купат последните залихи на палетата. Позитивно е што последните Naked парчиња се на попуст од 50%.
A post shared by Urban Decay Cosmetics (@urbandecaycosmetics) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари