Неколкуте палети на сенки на брендот Urban Decay под називот Naked станаа култни во светот на убавината и шминката. Се базираат на неуутрални сенки, првата и оригиналната палета се појави во 2010 година, беа создадени четири верзии и иако стекнаа иконски статус, брендот одлучи да престане да ги произведува.
Основачката на Urban Decay, Венди Зомнир, најави дека е време за нови палети со разновидност од бои, но сепак сметаше дека празнината што настана со повлекувањето од пазарот на Naked палетите треба да се пополни со нова и подобрена верзија. Тогаш се појавува Urban Decay Naked Reloaded, палета со некои нови неутрални сенки – микс на nude и тонови на шампањ, избор на корални и земјени нијанси. Сенките се со мат и со светкав финиш, а овозможуваат езброј ефектни кобнинации на очите.
Нема коментари