Во сезоната на доделување на награди голем број од модните трендови се раѓаат токму на црвениот килим. Боите, формите и комбинациите што ги носат ѕвездите се наметнуваат како моден хит, а истото важи и за изборот на додатоци, накит, шминка и фризура. Урбаните глумици, кои важат за едни од најголемите трендсетерки од новата генерација во Холивуд: Ема Стоун, Сиена Милер и Кејт Босворт го освежија својот имиџ потстижувајќи ја косата во боб-форма, која ја носат во кадрици. Со ова ги регенирираа и идеите за практична, носива, модерна и секогаш средена фризура.
Боб-кадриците се избор и на моделите Џордан Дан, Роузи Хантингтон-Вајтли, водителката Џулијана Ранчиќ, актерките Кејт Мара, Наоми Вотс, Џенифер Лоренс, Розамунд Пајк, Ен Хатавеј, па дури и бунтовничката Кристен Стјуарт се одлучи за куса боб-фризура со кадрици. Голем дел од нив имаат направено омбре варијанта, со осветлени врвови, а дел ја осветлија цела коса. Должината е различна, од речиси куса, на ново на увото, па се до рамена, или т.н Long bob или популатно наречена Lob.
Ова е форма што може да ја носите и на работното место, за свечени настани, па и за време на спортување и притоа ќе изгледата уредно. Стои на девојки со различни форми на лицето и на жени од различни генерации. Доколку сметате дека е време да ја потстрижите вашата долга коса или да ѝ дадете нова форма на здодевната рамна боб-фризура , боб-кадриците се одличен избор.
Нема коментари