• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Уредничките на Stylist.mk во едиторијал на Unique и Parfois

Од Ана Несторовска · На ноември 12, 2014

unique1

Основачките и уреднички на Stylist.mk, Ана Несторовска и Катерина Трајановска, се појавуваат во улога на модели во едиторијал на македонскиот моден магазин Unique и португалскиот бренд за урбан накит Parfois. Во фотосесијата покрај модните новинарки се  и модната уредничка во Unique, Милена Танаскоска и познатата блогерка Јована Зука.

unique2

Модните уреднички Ана Несторовска, Катерина Трајановска, Милена Танаскоска и блогерката Јована Зука

Во пријатната атмосфера на скопскиот локал Brick bar, четирите вљубенички во модата позираа пред талентираниот фотограф Жарко Чулиќ. Секоја од девојките направи избор на модни додатоци од колекцијата есен-зима 2014  од продажните места на  Parfois во „Скопје сити мол“ и во „Рамстор“.

kate2

Катерина Трајановска                                       Фото: Жарко Чулиќ

Катерина Трајановска во својот имиџ вметна индиго-сино шеширче, свилена шарена марама, трендовска чанта во крем боја, сет прстени за неколку прсти, бисерен ѓердан во сино-бела варијатна, есенски сандали на висока платформа и обетка за на цело уво (Ear Cuff). Деталите ги искомбинира со  креации од есенската линија на „Манго“:  индиго-син капут, бела лелена блуза порабена со тантела и кожено здолниште.
kate1

Во интервјуто за Unique таа изјави дека нејзниот личен стил е олицетворение на: „Спонтано следење на сопствената стилска визија за естетика и суптилно инкорпорирање на тенденции. Не реферира на ери, личности и правци, туку е мој личен еклектичен спој на повеќе стилови, кој се движи од париски шик минимализам до смел микс на шари и текстури“.  За оваа сезона предлага: „здолниште кроено во круг, бела кошула, волуменозен капут, шапка, голема чанта, впечатлив ѓердан и крупни обетки. Но и чизми до глужд, геометрија, интригатни кроеви, принт, кашмирна марама, а бидејќи сега сум во „сината фаза“, многу облека и детали во палета од  тиркизно/кобалтно/индиго сина боја“.   За  нејзе комбинацијата без модни додатоци е исто како приказна без кулминација.

ana11

Ана Несторовска                   Фото: Жарко Чулиќ

Ана Несторовска се одлучи за додатоци од Parfois во темноцрвена боја. Во овој тон беа балетанките, шеширот и големата чанта од новата линија на брендот. Ги искомбинира со ѓердан со крупна мониста во зелена, златна, црвена и бела боја, компет птрстени со каменчиња, ретро очила, а во една од варијатните се одлучи и за плико чанта со впечатлив принт. Комнинацијата ослично се поклопи со минималситичкиот избор на парчиња облека, бела кошула и сиво палто од рвид потпишани од „Манго“, како и трендовски здолниште панталони.

ana12

Во изјавата за Unique вели дека нејзниот имиџ го дефинира како: урбана елеганција, која е спој на ретро и трендовски парчиња. „Отсекогаш сум ги сакала комбинациите на модели од различни ери и стилови. Низ годините, врз мојот стил влијание имаат извршено модата во сериите „Сексот и градот“ и „Маркетинг Директори“ (Mad Men), како и модните икони: Марлен  Дитрих (во 30-тите и 40-тите), Одри Хепберн (во 50-тите и 60-тите), Дајан Китон во „Ени Хол“ во 70-тите, Рошин Марфи 2000-те…Инспирацијата за применување на актуелните трендови ги добивам од секојдневното следење на уличната мода од светските центри и стилот на познатите модни блогерки“. Открива дека оваа сезона најмногу носи: пончо/ќебе наметка,  моторџиски чизми, впечатлив ѓердан, шешир и миди здолниште или здолниште-панталони. За нејзе комбинацијата без модни додатоци е исто како: недоискажана мисла, недоизградена куќа, недосликана слика… за безгрешни и секогаш успешни комбинации  препорачува : бела кошула, блуза со пруги, црно палто, кожена јакна, фармерки, класични панталони и уникатни ѓердани.

ParfoisUniqueUnique магазинЈована ЗукаАна Несторовскагерданедиторијалесен-зима 20014/15Жарко Чулиќздолниште-панталоникапутКатерина ТрајановскаМангоМилена Танаскоскамодна блогеркамодни додатоцинакитобеткипрстениРамсторчанта„Скопје сити мол“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics