Модното шаренило што го нуди уличната мода деновиве беше за нијанса смирено со црно-бели комбинации. Спојот на овие две бои е класика во модата, тој е постојано привлечен и е секогаш сигурна стилска варијанта. Од најновите фотографии на улична мода забележуваме дека црно-белата се носи во вид на карирани и пепито парчиња, како апстрактни, геометриски и животински шари, или како црни и бели парчиња споени во една комбинација.
Нема коментари