Иако типично свадбената сезона завршува во септември, да не го занемариме фактот дека свадби се одржуваат и во зимските месеци. Свадбените веселби се одржуваат на затворено, но пропратните настани на денот на венчавката, изискуваат потопла облека. Тоа значи и венчаница која е потопла. Зимските венчаници вообичаено се со долги ракави наместо со бретели, креирани од подебели и потопли материјали, а ако веќе се одлучите за венчален фустан кој повеќе одговара на пролет и лето, тогаш ќе ви биде потребна наметка, крзнено кратко палтенце или бел капут.
Не заборавајте, и фустаните со долги ракави се романтични, модерни и елегантни. Доколку се одлучите за зимска свадба и ви се погоди зимска атмосфера, тогаш тоа искористете го за да изгледате како снежна кралица.
Нема коментари