Најважниот општествен настан во Монако, традиционалниот Бал на розите, се одржа викендов во малото кнежество, овојпат на тема инспиринара од виенската сецесија, уметничкиот правец основан во 1897 година. Балот кој се одржува од 1954 година, повторно ги привлече членовите на монегашкото кралско семејство, ѕвезди на настанот беа принцезата Каролина, ќерката на Грејс Кели, нејзините деца Шарлот и Пјер Казираги кој се појави со сопругата Беатрис Боромео. Друштво како и секогаш им правеше дизајнерот Карл Лагерфелд, кој се погрижи за изгледот на Каролина – фустан со графички мотив и детали од карнери со потпис на „Шанел“, а за кој Лагерфелд инспирација најде во една слика на Густав Климт.
Нема коментари