• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Викторија Арсовска ќе ја презентира колекцијата „Маршот на боговите“ на Моден викенд

Од Катерина Трајановска · На октомври 16, 2017

1

Младата дизајнерка Викторија Арсовска ќе се претстави со модна ревија на есенското издание на Моден викенд-Скопје со колекцијата наречена „Маршот на боговите“, во која креациите ќе ги асоцира на статусот на жената во времето на француската револуција и нивната борба за права и еднаквост. Ревијата на Викторија е закажана за 22 октомври, во 20 часот во Хотел Мериот. Во деновите пред ревија, таа во следниов прашалник на Stylist.mk открива детали за новата колекцијата, и зборува за интересот во модата и досегашните ангажмани на разни проекти.

*Новата колекција е именувана… „Маршот на боговите“ (колекција за есен – зима 2017)

2

*Инспирација и опис на колекцијата… Колекцијата брои 12 аутфити, има комплексност во кроеви, иновативност во спојот на материјали и колор кој пресликува една скриена емоција. Содржи монохроматски израз на неколку тонови на црно, истите во одредени модели се вкрстени со беж нијанси.

Завлезено е во рамките на периодот на корсетите задржувајќи се на статусот на жената како пасивен граѓанин во времето на француската револуција, односно нивната борба за права и еднаквост, револуцијата која ја преживуваат и нивното марширање кое е основата на статусот кој една жена го ужива подоцна, односно денес.

3

Дизајнерката внесува женственост и сексапил во креациите

Презентирана е женственост и сексапил преку кроевите инспирирани од машки униформи и преку машката грубост на посебно избрани материјали. Корсети подзатскриени со капути и елеци од чоја и кожа, свилени фустани во комбинација со кожни каиши и метални копчиња, додека лелеавоста на истите се противи на крутиот штоф.

Колекцијата е еден приказ на нејзиниот храбар чекор, како дама и бунтовник истовремено, како доилка и војник во една паралела, како љубовница во панталони која ужива во разни разврати и скандали кои се табу теми.

*Од претставувањето на Моден викенд очекувам…   Очекувам критика, перцепција на колекцијата индивидуално и апсорпција на еден приказ на уметноста преку парчиња облека која носи една естетика која мене лично ме карактеризира и воедно ја презентира мојата работа. Воедно се надевам дека годинешното мото #stopthetrafiк навистина ќе успее да допре до колективитетот и ќе ја поттикне свеста кај истите за неконсумирање облека од брендови кои вршат експлоатација врз работникот.   

4

Модел од ресорт колекција 2016/ Актерката Ана Стојановска носи модел на Арсовска во видеоспот на Лозано/ Пејачката Еги носи фустан на дизајнерката на фестивалски настап

*Мојата  модна приказна почна… Интересот за мода започна во годините кога веќе бев сигурна дека уметноста има голем удел во моето тогаш сегашно, а и понатамошно развивање како личност. Решив по завршувањето на гимназија да го почнам долгиот пат кој водеше до влезот на модниот свет, на моја огромна чест и задоволство добив шанса професор да ми биде Александар Ношпал, човекот кој даде една добра основа на модната сцена во Македонија, и воедно несебично пренесе знаење, овозможи пракса и ми ги покажа првите правци за исцртување на мојата модна приказна. Сè она што успеав да го консумирам во текот на моите додипломски студии, праксата што ја стекнав работејќи на различни проекти и упорноста ми се основа на она што го презентирам денес.

5

Битолската водителка Неда Маретиќ во креација на Викторија на филсмкиот фестивал Браќа Манаки

*Најважните досегашни професионални ангажмани… Денови на претприемништво 2009; FWSK 2010 групна ревија на студентите на Фон Универзитет -тема филм -колекција Кабаре; денови на претприемништво 2010; FWSK 2010 -проект Пелистерка; Аларм фестивал – групна ревија од рециклиран материјал; костимографија на претставата „Жени без маж и ништо повеќе“ во режија на Софија Ристевска -Интимен театар 2013; волонтер и асистент на неколку театарски претстави; соработка со повеќе македонски естрадни уметници за стајлинг или изработка на костуми меѓу кои соработки со Влатко Лозановски како негов личен стилист, спот на Воби Мојсовски, Тамара Тодевска за песната „Шила“, повеќекратна соработка со Наташа Малинкова, стајлинг за спотот на групата „Етносфера“ за композицијата „Копнеж“, дизајн и стајлинг за неколку појавувања на Еги на Скопски фестивал и Макфест; 2013 Евровизија – заедно со мојот колега Папаз го дизајниравме костимот на Лозано; реализирање на ресорт колекција 2016; отворање на мое модно студио во 2016 година.

*Стил препознатлив за моите креации…  Геометриски форми кои ја оцртуваат женската силуета, контраст, сексапил, женственост. 

*Мој моден идол… Marlene Dietrich – нејзината безвременска убавина, нејзините манири , начин на живот и секако стил.

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Fashion Weekend SkopjeFWSKВикторија Арсовскаесен-зима 2017/18македонска модамакедонски дизајнериМаршот на боговитемодан ревијаМоден викенд
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics