Во рамки на кампањата на Рамстор Мол „Вкусен оброк за вреден подарок“ која е наменета за креативните гурмани, до сега се доделени 15 апарати за домаќинството, следат уште 15 до крајот на месецот. Условот за обезбедување на подарокот е едноставен: по завршување на вкусниот оброк во еден од рестораните во делот за брза храна во трговскиот центар, со сметка над 300 денари, може да одговарате на прашањето „Што е за вас храната?“. Најкреативните одговори се прегледуваат секоjдневно, а најкреативните гурмани си заминуваат дома со нов апарат за домаќинство. Акцијата трае секој ден до крајот на месецот јули, а Рамстор ве потсетува дека уживањето во храна и креативноста, можат да ви обезбедат вреден подарок.
Нема коментари