• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Во светот на убавината и шминката со Alekk Potter

Од Катерина Трајановска · На март 21, 2017

1 alekk potter

Александра Азманова, која стои зад нејзиното алтер его Alekk Potter под чие име пишува на блог адресата I Am Alekk Potter, со блогерајството се занимава во последниве три години, и од почетните текстови кои ги отркиваат нејзините размисли и мотивации, содржината се трансформира во постови посветени на убавината и козметиката. Бјути блоговите кај нас се многу ретки, па блогот на Александра е вистинско освежување, не само поради темата, туку се изздвојува со , не само поради содржината, туку и поради дефинираната естетика, познавањето и познавањето и уменоста во шминкањето , и нејзиниот впечатлив изглед. На I Am Alekk Potter може да пронајдете рецензии на козметички производи, совети како да се нашминкате, одлички You Tube туторијали, но и приказни за тоа каде може да најдете веганска храна во Скопје и по некој вегански рецепт. Александра е активна на Инстаграм, а нејзините туторијали може да ги гледате и на нејзиниот You Tube канал. Со Александра се расприкажавме на многу бјути тиме, читнете што ни откри на Stylist.mk.

Како се роди блогот I am Alekk Potter, кога дојде на идеја за блог во кој ќе се третира убавината и шминката и се сеќаваш ли на првата објава?

Пред да се роди блогот бев максимално посветен и постојано активен член на македонската твитер заедница. Блогот се роди како потреба од повеќе од 140 карактери од оние кои ги нуди Твитер. На почеток имав потреба да пишувам за сè она што ми лежи на срце и на душа и тоа обично беа текстови со слики позајмени од интернет. Паралелно со ова на мојот Инстаграм профил постирав слики од шминка и козметички производи и после долго внатрешно дебатирање на тема дали да започнам посебен бјути блог или да продолжам на истиот, решив да останам на истиот со тоа што ќе додавам и содржини за убавина и шминка. Се сеќавам на мојот прв официјален бјути пост кој беше посветен на моливчињата за усни од Alverde кои и денес ми се омилени и често ги користам.

2 alekk potter

Каква содржина има на твојот блог? 

На мојот блог може да се најде од сè по нешто и затоа не го сметам за типичен блог за убавина. Од рецензии на производи, видео туторијали и совети за шминкање, има и интересни вегански рецепти, листи на омилени серии и филмови, мотивациони текстови и слично. Во иднина би сакала да вметнам и други, интересни содржини. Имам чувство дека мојот блог постојано се менува и да се адаптира на она што моментално ме интересира, инспирира и фасцинира.

Кој стил на шминка ти е омилен?

Омилен стил на шминка ми е оној кој ми е и најзабавен за создавање, а тоа е целосната трансформација и будењето на внатрешната божица. Ги обожавам истакнатите контури на лицето, зачадениот изглед на очите, нежните усни и природните, дефинирани веѓи.

alekk potter jovana zuka

Александра видена низ објективот на Јована Зука

Кои според тебе се клучните make up трендови за следнава пролет?

Следнава пролет клучни мејкап трендови ќе бидат чистата и сјајна кожа со помош хајлајтери и нежни ружеви, употребата на акцентна боја на очите и истакнување на усните со јаки црвени, портокалови, розеви и виолетови нијанси на кармини.

На твојот блог има видео туторијали кои со квалитетот може да им парираат на оние на познатите светски влогери, но што е поважно ја отсликуваат твојата умешност во шминкање. Каде и како научи да шминкаш?

Додека бев дете обожавав да ја гледам мајка ми како секое утро се припрема за започнување на работниот ден. Обожавав да ѝ чепкам во шминките, иако не разбирав што е тоа и за што служи. Со шминкањето како процес се запознав во тинејџерските години. Се започна со обична црна маскара и премногу туш на очи. Кулминацијата се случи во периодот кога сите се припремаа за матура и мајка ми ме праша дали сакам да ме шминка професионален мејкап артист или сакам таа сума да ја инвестирам во моја шминка. Ја одбрав втората опција и учев сама на себе.

Дали сама ги снимаш видеата или имаш тим со кој соработуваш?

Видеата ги снимам сама во мојата соба, пред камера поврзана за мојот лаптоп во кој гледам дали сум во фокус и најчесто со помош на дневна светлина. Од кога ќе го снимам видеото ми се потребни неколку часа да го едитирам и потоа го објавувам на сите социјални мрежи. Долго време собирав храброст но, со секое наредно видео се повеќе се опуштам пред камерата.

Кои брендови најмногу ги користиш во шминкањето и на твојот блог?

Од секој бренд имам по нешто што го користам често. Нaјмногу ги користам брендовите Aura, Gosh, Seventeen, Catrice и Essence. На блогот пишувам за производи од брендови кои се достапни за сите, затоа што е наменет да помогне и советува во процесот на одбирање на козметика.

Makeup Revolution London

Колку внимание посветуваш на косата и на бојата? Од фотографиите може да забележиме дека сакаш да експериментираш со формите и бојата….

До пред една година собирав храброст за било каква промена со косата која што е повеќе од обично освежување и кратење на врвовите. Од кога ја скратив и добив желба да експериментирам со бојата, не можам да се замислам повторно со „нормална” коса. Искрено, се преродив и секогаш размислувам за нешто ново и нешто понеобично од претходното.

Дали скапата козметика и шминка задолжително значи дека се најдобри или може да се најдат доста on the budget производи? Кое е твоето искуство и кои поевтини брендови би ги препорачала на македонската публика?

Она што научив е дека секој бренд, без разлика дали е high end или drugstore си има свои погодоци и свои пропусти во однос на нивните производи. Најчесто она што го прави производот скап е долгото време на пазарот, познатото име и добриот маркетинг. Јас искрено обожавам да пронаоѓам солидни производи за пониска цена кои се замена за оние кои што се сметаат за најдобри но недостапни за секого.

unique

Во рубрика на магазинот Unique

Каде најмногу грешат македонските девојки и жени при шминкањето според тебе? Што би им препорачала?

Според мене најмногу грешат со тоа што мислат дека шминката ги прави поубави и дека не можат да се замислат без неа. Тие се преубави и без шминка и треба да го знаат тоа. Би им препорачала да не се споредуваат со девојките од списанијата, а шминката да ја користат за минимално корегирање, за акцентирање и дефинирање на она што ги прави специфични и природно убави.

Доста внимание посветуваш и на темата на природна и веганска козметика, па и веганска храна. Дали кај нас има доволно козметика што ги задоволува веганските принципи?

Дефинитивно нема доволно козметика која ги задоволува веганските принципи. За разлика од секаде во светот каде што е нормално да имаш голем избор на природна, cruelty free или веган козметика, нашиот пазар е на самиот почеток и се надевам дека ќе се развива со побрзо темпо.

Покрај боите и шминката најважно е сепак да се има негувана и здрава кожа. Која е твојата рутина и како ти ја негуваш кожата, со кои производи?

Мојата рутина е едноставна. Најомилени ми се производите од Balea и Alverde. Лицето секојдневно го чистам со мицеларната вода од Balea или го мијам со гелот за миење Aqua од Alverde. Два до три пати неделно правам пилинг со Balea Soft & Clear пилингот за лице, потоа ставам маска за лице и потоа нанесувам крем за секојдневна нега.

Кои бјути блогери ги следиш и ти се допаѓаат? Дали познаваш некои домашни блогери кои специјализираат бјути содржини?

Листата на блогери кои ги следам е бесконечна. Како најмилени ќе ги одвојам Lily Pebbles, Linda Hallberg и Еstee Lalonde. Од домашни блогери ја следам и лично ја познавам Азизе од блогот http://rosee96.blogspot.mk/ која ми е омилена и се радувам на секој нејзин нов блог пост.

3 alekk potter

Алексадра сака да ја менува бојата на косата (Фото: Јована Зука)

На твојот блог пишуваш и на англиски јазик, дали тоа значи дека целиш на интернационални следбеници? 

Во моментов блогот го пишувам и на македонски и на англиски јазик. Една од причините се анализите и статистиките од кои гледам дека иако најголем дел од публиката доаѓа од Македонија, сепак ме читаат и од други држави и сметам дека не е фер од моја страна да ги оставам да се потпираат на веродостојноста која ја нуди google translate.

Дали имаш ангажмани како шминкер или се сведува само на работата на блогот? Кои се твоите други интереси? 

Мојата работа како шминкер започна спонтано пред четири години кога почесто почнав да објавувам моја шминка на Инстаграм. Сега секојдневно работам, учам и се усовршувам и голема желба ми е еден ден да имам свое официјално, професионално студио каде што шминката ќе се изразува преку креативни видеа и професионална фотографија. Освен шминка, обожавам да експериментирам во кујната и сум во процес на завршување на студиите на архитектонскиот факултет.

prva naslovna

Александра ја нашминка Ели Клинчаровска Младеновска за насловна страница на „Теа Модерна“

 Омилен мејкап бренд

Немам еден омилен мејкап бренд. Во моментов, од брендови кои можат да се најдат на нашиот пазар, најомилени ми се Aura, Gosh и Catrice.

Најдобра пудра и коректор

Најдобра пудра според мене е Gosh Foundation Drops, додека пак најдобар коректор е Seventeen Matt Concealer Extra Coverage.

Омилен кармин

Доколку сакам секојдневни nude усни тогаш го одбирам нежниот Gosh Velvet Touch Lipstick 122 Nougat, но оној што го користам за посебни прилики е темно виолетовиот Matte Lipstck 42 од Seventeen.

Омилен парфем

 Веќе со години омилен парфем ми е La Vie Est Belle од Lancôme.

Инстаграм профил за инспирација 

Искрено, немам конкретни, но еве ако треба да издвојам тоа би биле инстаграм профилите на Sara Donaldson, Jenny Mustard, Li-Chi Pan и на сите оние кои имаат минималистична и светла тема.

Омилен шминкер

Немам конкрено еден омилен но ако морам да одберам тоа би било Lisa Eldridge.

Контурирање за или против

Дефинитивно сум за контурирање, но се додека е уредно и умерено направено.

Пет последни откритија

Моментални фаворити ми се четката за контурирање и сунѓерчето за блендирање од Ebelin, новата колекција особено маскарата Pump it up и тушот за очи Wing it up од Aura и новите течни кармини Liquid Matte Lips од Gosh.

15541576_1187151174700364_4625156926589821095_n

Alekk PotterI am Alekk PotterАлександра Азмановабјути блогблогкозметикамакедонски блогеритуторијалубавинашминка
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021
  • mirjana josifoska

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

    јануари 21, 2021
  • 1

    Инаугурациска мода: Пораки за мир и обединување

    јануари 21, 2021
  • ????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Мода и политика – виолетовиот капут на Џил Бајден со силна порака

    јануари 20, 2021
  • 1

    Сестрите Џиџи и Бела Хадид ги обожаваат овие предимензионирани сакоа

    јануари 20, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics