Осумнаесет години по оригиналното лансирање на чантата „седло“, модната куќа „Диор“ и креативната директорка Марија Грација Кјури овој модел на чанта го преставија во колекцијата за есен-зима 2018/19. Чантата Dior Sadle, креација на Џон Галијано, имаше култен статус во почетокот на овој милениум и ја носеа најголемите ѕвезди, а се појави и во рацете н Кери Бредшоу во серијата „Сексот и градот“. Новата интерпретација на оваа чанта ги привлекува новите стилски ѕвезди и веќе е дел од стилот на Кјара Ферањи, Леандра Медин, Гала Гонзалес, Елеонора Кариси.
Марија Грација Кјури смета дека оваа икона од неодамнешната историја на куќата „Диор“ е совршен моден додаток и во нејзината итерација чантата „седло“ доаѓа во нови ткаенини, бои и украси како монистра и цветен пачворк. Блогерките и инфлуенсерките ја вратија популарноста на оваа чанта, ја носат во новата верзија, но некои ги пронајдоа оригиналните парчиња, како оние од тексас ткаенина и со логото на куќата.
Paging Carrie Bradshaw! Paging! Dr! Bradshaw! The #DiorSaddle bag is backadee backado. This one was a gift from them, FYI A post shared by Leandra (Medine) Cohen (@leandramcohen) on
Iconic, cool and terribly fashinating Bonjour mon #DiorSaddle! #Shanghai #Dior ♡ #gifted A post shared by Eleonora Carisi (@eleonoracarisi) on
New baby @dior #DiorSaddle #SuppliedbyDior A post shared by Nicole Warne (@garypeppergirl) on
City life. A post shared by Negin Mirsalehi (@negin_mirsalehi) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари