Музичарот Фарел Вилијамс ја повика познатата архитектка Заха Хадис да соработува на неговата колекција патики за Adidas Originals. Дизајнот на Хадид се состои од релјефен гумен дел во предниот дел од обувките, кој потсетува на кривулестите, извиткани форми што таа ги употребува при архитектонските проекти. „Јас сум голем обожавател на Заха, отсекогаш сум бил. Ќе се осмелам да кажам дека таа е една од најпознатите талентирани архитекти на нашето време, а според мене и во историјата“, смета Фарел кој веќе подолго време соработува со компанијата „Адидас“. Заха е една од петте уметници што Фарел ги покани на соработка на колекцијата Supershell на Adidas Originals.
Нема коментари