Новата модна соработка на домашната модна сцена е спој на Zanov и Angie.M и се состои од ексклузивна колекција на костими за капење и облека за на плажа. Дизајнерот Мите Занов летово ја претстави колекцијата Dunes, инспирацијата од летото, пустините и плажите го предизвика да создаде нова доза летна мода и заедно со Angie.M jа креираа оваа колекција на впечатливи едноделни и дводелни костими за капење со интересни кроеви и во неутрални, но и во интензивни бои.
Аngie.M е ново модно име на македонската сцена и зад брендот стои Ангела Младеновска, која ја иницирала идејата за заедничка соработка со веќе познатиот Мите Занов. Заедничките дизајни се претставени преку фотосесија која што ја потпишува Мартин Трајановски. Колекцијата може да се погледне и нарача во ателјето на Занов или на социјалните мрежи на дизајнерите.
Zanov & Angie.M SS20
Фото: Мартин Трајановски/ Модел: Ангела Младеновска/ Шминка: Миа Арабаџиева/Фризура: Елена Николовска
Нема коментари