Модел на чанта со штепови, златна синџир-рачка и во зелена боја од колекцијата за пролет-лето 2021 на Зара веќе стана хит на Инстаграм и претендира да биде една од најпосакуваните чанти оваа пролет. Со розов костум, со бела комбинација, со комплети од фармерки и маици, овој модел на чанта лесно се прилагодува на секаков стил и аутфит.
Со својoт изглед доста потсетува на популарниот модел Cassette на луксузниот бренд Ботега Венета, но во верзијата на Зара чини далеку помалку – 1.590 денари. Една девојка од Сплит на Инстаграм дури и се пошегува „Чанта на сезоната? Читај Bottega за сиромашни“.
Нема коментари